Во близина на Будимпешта уапсен Никола Груевски

974
loading...

Во близина на Будимпешта утринава околу 06.30 минути од страна на унгарската полиција, уапсен е бившиот премиер на Република Македонија Никола Груевски.

Утрово околу 06.30 во близина на Будимпешта, уапсен е поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски моментално се наоѓа во полициската станица, а како што пишуваат унгарските медиуми тој се наоѓа заедно  со неговиот адвокат. При апсењето како што пишуваат медиумите Груевски, бил видно вознемирен, но не се противел и веднаш бил спроведен во најблиската полициска станица! 

Не е уште познато зошто Груевски е уапсен, бидејќи претходно имаше добиено азил од Унгарија и не се очекуваше да дојде до оваа ситуација. Во текот на денот полицијата ќе изнесе повеќе информации.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е прогласен за виновен во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) познат во јавноста како „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ и осуден на две години затвор.

Поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, првообвинет во случајот, исто така беше прогласен за виновен и осуден на шест ипол години затвор.
Груевски беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание, додека Поповски за злоупотреба на службената положба и овластувања. Во овој случај, на обвинителната клупа беше и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, на која поради ризична бременост и е раздвоена постапката и ќе и се суди одвоено.
Според Кривичниот закон за делото за примање награда за противзаконско влијание, е пропишана затворска казна од една до три години.

Априли ли ли.

loading...
You might also like