Татко си го убил 5 месечниот син затоа што многу плачел

445
Loading...

Татко во Босна и Херцеговина го убил петмесечниот син оти многу плачел. Зоран М. (28) за време на истрагата признал дека од револт го фрлил бебето на кревет, кое починало како резултат на фаталните повреди.

Ова монструозно дело се случило во неговата куќа во Братунец, а убиството го признал за време на испитувањето во полиција. Како што пишуваат босанските медиуми, таткото имал психички проблеми и ќе биде испратен на психијатриско лекување.

Зоран беше уапсен од страна на полицијата поради сомневање дека 24 март му нанел тешки повреди на своето бебе, како резултат на кои тоа починало.

loading...
You might also like