Обраќање на Христијан Мицковски кон папата Франциск

455
Loading...

Обраќање на Христијан Мицковски кон папата Франциск

Опрости ми Папе,
Рекол Оливер Драгоевиќ!
Јас молам за прошка затоа што не можам да не ви кажам некои непријатни работи.
Мојата земја е завиена во црнила.
Дури и вашата светост тешко се пробиваше низ густата црна боја со која мојата татковина ја зашлака господинот Заев Зоран. Неговите крвави раце, папе мој, не стегаат за гушата и не ни даваат да дишеме. Вие сигурно знаете дека ние тепавме во Сопиште, но и покрај тоа, претседател на државата стана Пендаровски Стево, другото лице на Заев Зоран, крвникот на Македонија. Но, тој е готов, папе мој, неговиот крај се гледа, јас мислам и од Рим и од Сантијаго де Кампостела. Јас и Гога и нашиот маченик од Будимпешта, бараме во вашите молитви да молите за нас и за спас на Македонија, особено за спас на Никола од затвор. За пет милијарди украдени пари се оди ли в затвор, папе мој, а еве, ги троши тие пари не на курви, извинете што вака се изразувам, ама народот полесно ќе ме сфати, туку на нови книги во кои ја открива иднината како што некогаш тоа го правеше апостол Павле.
Ви благодарам на вниманието.
Во вмро-дпмне секогаш има место за вас.
Ова украдена зградурина е и ваш дом.
Да живее Македонија.
Да живее Ватикан.
Да живее Гога.
Да живеете вие, папе мој.

loading...
You might also like