Савевски: Фотељашот Павле веднаш да си поднесе оставка, требаше и порано

130
loading...

Павле Богоевски, во јавноста се отвори дебата дали тој треба да си поднесе оставка. Професорот Здравко Савески во изјава за „Фокус“ вели дека Богоевски одамна требало да поднесе оставка, затоа што, според него, заборавил на се за што се бореше во Шарената револуција.

-Павле Богоевски треба да поднесе оставка. Фактички, веќе одамна требаше да поднесе оставка. Сето она за што се бореше во т.н. Шарена револуција, се’ заборави кога седна на фотелјата.

Заборави дека граѓаните кои протестираа се бореа за владеење на правото и за социјална правда. Самиот соучествуваше во менувањето на Кривичниот законик за да се истера политичка агенда и да се спасат од правдата одредени лица.

Не побара одговорност од претставниците на извршната власт поради бегството на Груевски. Не придонесе за намалување на привилегиите на функционерската класа. Не упати речиси ниту една критика на злоупотребите на власта од страна на СДСМ при слични ситуации кои остро ги критикуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

loading...
You might also like