Златев: Пајо друже, тужи ме еве ако лажам, па ќе те вештачиме

209
loading...

Статус на Љупчо Златев:

Пајо друже, во маслото за канабис нема жаргонска мерка единица “пола” (се мисли на грам), туку се мери во “кубици”. Ти таму велиш спреми ми “пола”, ама друже пола кубик не е 2500 (две ипол илјади), туку е 500-600 денари. Така што не е масло, можам да се обложам. Башка во терапија, пола кубик уље за 2-3 дена се троши.

Дополнително, производството и продажбата на масло од канабис е регулирано со закон а очигледно според неговото тврдење, Пајо купувал на црно што е исто како да купувал дрога.

За набавка на црно на масло од канабис, луѓе лежат во затвор – ајде Пајо, пријави се во обвинителство и придружи им се. Откриј кој го произведува, нека лежи и тој.

Така да друже, не лажи. Си земал пола грам бело за 2500 денари и тоа е тоа… Сега дај си оставка, пошто наркомани не ни требаат во политика – тоа нема врска со приватност (како што велиш), туку има врска со трезвеност да се обавува јавна функција.

П.С. Твојата наркоманија на бело, не ја пери со барање за легализација на канабис – тоа се две сосем различни категории. Ти шмркаш (тужи ме еве ако лажам, па ќе те вештачиме), значи, ти си друже наркоман!

loading...
You might also like