Адвокатите потврдија еве колку години затвор ќе лежи Павле Богоевски

467
Loading...

Адвокатот Тортевски се огласи за ситуацијата со Богоевски.

0,5 или 4,9 гр.марихуана или кокаин, е исто. Најмалку една година затвор. Законите мора да се почитуваат додека важат. Во спротивно некој ќе ве убие и ќе каже дека ве еутаназирал бидејќи многу сте биле болни и нејќел да се мачите. Така што Пајо, ОСТАВКА ВЕДНАШ А ДРУГОТО ВО ОЈО, пишува адвокатот Александар Тортевски на Твитер.

Оваа реакција следи откако на објавената бомба вчера се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски кој денеска се бранеше дека не нарачувал кокаин, туку масло за канабис за медицински цели.

– За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот.

Следеа многу реакции, досега актерот Дац побара оставка од Павле на Фејсбук, а и ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и павле да се тестира за дрога.

loading...
You might also like