Геровски распали по Катица: Катице мори, како тоа да не можеш да гарантираш дека од СЈО не истекуваат „бомбите“? Па што можеш тогаш да ни гарантираш? Дека наместо бомби ќе рокаат мандолини?

110
loading...

А и да не е порака или закана, легитимно е прашањето што утре можат да го постават од Мала Речица – о мој цуцја вогељ, Катице мори, како тоа да не можеш да гарантираш дека од СЈО не истекуваат „бомбите“? Па што можеш тогаш да ни гарантираш? Дека наместо бомби ќе рокаат мандолини?

Вели Јанева, се истражувало. Што има бре да се истражува? Колку што мене ми е познато, менаџирањето со овој опасен материјал, што поранешниот опозиционер и сегашен премиер Зоран Заев го предаде во СЈО, е прецизно уредено со прописи и со протоколи, чија цел е „бомбите“ да се користат само за истражните постапки, а не со нив да се забавува јавноста.

За жал, оваа изјава ги потврдува моите претпоставки, за кои пишував пред некој ден, во мојата колумна под наслов „Бомбашки пленум“. Има фрикови што располагаат со тој опасен токсичен материјал и го (зло)употребуваат за политички уцени и рекет. Во моментов, тие водат и меѓусебна борба за превласт во рекетот, при што се служат со опасни меѓусебни уцени.

Колумната во целост на Плус инфо

loading...
You might also like