Германија распали по Северна Македонија поради корупцијата и криминалците

313
loading...

Германскиот парламент го ратификиваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО, но во текот на дебатата германските пратеници влезот на земјата во Алијансата го поврзаа со датумот за почеток на преговори со Европската Унија.

Иако расправата за извештајот на Европската комисија треба да се одржи на посебна седница, сепак некои од пратениците имаа забелешки дека таа расправа се оддолжува.

Владата на Германија во образложението на Протоколот од 6 февруари 2019 година изразува убеденост дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон НАТО ќе значи придонес кон безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор, јави Дојче веле.

На ратификацијата на членството се спротивставија популистичката Алтернатива за Германија (АфД) и Левицата, јави Дојче веле.

loading...
You might also like