Дали Заев со најавите за оставка и избори сака на елегантен начин да го “откачи” ДУИ

134
loading...

Претседателот на СДСМ и Премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, вчера и завчера во неколку наврати изјави дека, доколку не добиеме датум за преговори со ЕУ, тој најверојатно ќе се повлече, односно ќе ја загуби довербата во парламентот.

Овие изјави за поддршката во парламентот се малку чудни, знаејќи дека Заев изминатиот период обезбеди двотретинско мнозинство од преку 80 пратеници. За да ја загуби довербата и да падне владата, треба да падне под 60.

Од друга страна, тој најави дека е можно да го врати мандатот и да се оди на предвремени избори. Во овој момент, Премиерот може да се води од две проценки.

Првата е дека неговата коалиција има капацитет да ги добие предвремените парламентарни избори и втората, тој да го врати мандатот, па да го добие повторно и да направи ново парламентарно мнозинство, но овој пат без ДУИ.

Зошто без ДУИ. Албанската партија носи “тежок” багаж од претходното владеење со ВМРО-ДПМНЕ. И додека многу функционери од ВМРО-ДПМНЕ се соочија со обвиненија од СЈО, тоа не беше случај со функционерите од ДУИ, која изминатите две години беше потсетувана за сè што правеле нејзините кадри во минатото.

Дополнителен удар врз имиџот на оваа партија, се последните прислушувани разговори, кои ги пушта извесен Кичевец под псевдонимот “Ел Чека”. Со оглед на тоа што Ел Чека најави околу 600 разговори, може сериозно да дојде во прашање кредибилитетот на ДУИ да остане на власт. Што од ова и дали нешто ќе се лучи, останува да видиме во периодот кој следи.

loading...
You might also like