Државата на помилуваните за 27 април ќе треба да им исплати 2 милиона евра

97
loading...

Богдан Илиевски- Бетмен на Фејсбук напиша дека на крај памет не му паднало да бара обештетување од државата додека во затвор има луѓе со 211 години како што вели неправедна робија.

Тој се изјасни на Фејсбук откако во јавноста излезе информација дека амнестираните за настаните на 27 април побарале оштета за адвокатски трошоци.

„Прво, никој не може со милион евра да надомести еден ден во ќумезите. Второ, постојат вредности кои ни сто милиони евра не ги купуваат – интегритет, достоинство, чест… Е сега, ако има ВООПШТО можност било каква оштета/надомест да се добие (поим немам, не сум прашувал воопшто, претпоставувам нема бидејќи процесот беше прекинат, а не ослободителен) тогаш ќе побарам и се што ќе земам ќе им го дадам на фамилиите на осудените, подеднакво. Ако нејќат сите, на тие кои сакаат. Ако никој нејќе во фондација, на луѓе со потреба, итн. Луѓето кои се неправедно осудени не ги познавав пред процесот, но делевме иста судбина. Сега „моето“ е трошка, зрно песок, во однос на она што им го направија нив – но ќе даде Господ, ќе има правда, еден ден. Во шутка и во суд јас не видов ниту еден „терорист“ меѓу нас. Дури ни оној главниот сведок кој менува искази неколку пати (ко по нарачка) и брутално и бедно лажеше за мене, за Владо, за Боро, за Дурло… дури ни тој не мислам дека е правично осуден, и дека добил заслужена казна. Така да… правда ќе има, еден ден. Тоа е неизбежно. Се надевам што поскоро. До тој ден ДА ПОВТОРАМ, макар леб да немам да јадам, камења и корења ќе јадам, ама скапан денар не земам и да ми го даваат сами, се додека внатре има луѓе кои се неправедно осакатени од корумпираниот процес во кој беа осудени“, пишува тој.

Приближно два милиона евра од државата побарале помилуваните за 27 април.

loading...
You might also like