Латас по долго време распали по Заев и Димитров

224
loading...

Што е хистеријава дали ќе сме добиеле датум за преговори месецов? Тоа е дилема на човек што ја гледа сопругата и се дума дали да ја венча или не. А сликите од свадба му се во спална, ги ставила женаму по ѕидови за уроци ако донесе некоја друга на брачниот кревет.

Јас длабоко верувам дека ние уште од лани имаме датум за преговори. Гледам по сајтови: слики во авион, напред Заев насмеан од уво до уво, до него благајникот Анѓушев, свежо маникиран и депилиран министерот Димитров, Османи со тазе налепени шишки… ни соопштуват дека ИМАМЕ датум за преговори со ЕУ. Датумот на веста е 30 јуни ланската, 2018 година.

На 13 август 2018 на својот Твитер налог владата официјлано објави: Македонија доби датум за почеток на преговорите со ЕУ, како резултат на постигнатиот договор подготовките се во тек, започнува скриниг процес…

loading...
You might also like