Латас:: Со пријатели како Рамуш Харадинај ли ќе одиме во ЕУ, ставот на Холандија и Франција е креиран со месеци не е преку ноќ

108
loading...

Ставот на Франација, Холандија, Германија… дека нема датум за нас не е создаден преку ноќ, за преку ноќ и да се смени. Знаат тие која е штетата во очите на другите држави ако не го одржат ветувањето но, исто така добро знаат што се случува во Македонија. И дека ваква Македонија, па макар и Северна, не е да ја пуштиш на свечената маса со другите.

На европската маса треба да седне Зоран Заев, чиј најголем политички пријател е Рамуш Харадинај од Косово. Деновиве се сликаа во домашен амбиент: Рамуш кај Заев на гости, што кај членовите на СДСМ и ДУИ потерало солзи радосници на очи, и средбата ќе биде овековечена како гоблен со златна рамка. Во време кога во Брисел чекаат Рамуш како сомнителен да седне пред специјалниот суд за воени злосторства во Приштина, кога во Приштина се затвораат четири болници затоа што се бавеле со трговија со човечки органи.

loading...
You might also like