Глигоров: Премиере Заев, да немаше “мрчатори” во време Грујово, вие немаше да дојдете на власт

202
Loading...

Статус на Венко Глигоров: ДОСЛЕДНОСТА НА ДВАТА ТИПА МРЧАТОРИ

Сега на Премиерот му сметаат критиките и луѓето ги нарекува општествени мрчатори. Како да заборава дека Тој со помош на сегашните општествени мрчатори – дојде на власт. И Тој мрчеше на валканиците на претходниците – и тој беше мрчатор тогаш. Да немаше мрчатори, ќе немаше „Заев“, ќе си останеше „Груевски“.

Разликата е што „мрчаторите“ се доследни и за истите работи и сега реагираат. А Премиерот излезе недоследен, па и лицемерен и сето она за што „мрчеше“ порано, тој и неговите си го наследија од претходните, обилно си го користат и во голем дел и го унапредуваат. Тоа што беше добро, го „умртвија“.

Премиере, Не сме глупи. Ако исто се однесувате како претходните, на луѓето ќе им биде сеедно за кого ќе гласаат. Ако им е сеедно, тогаш сигурно нема за Вас да гласаат. Да си бидете(ме) на чисто!”

loading...
You might also like