Деновиве можно апсење на Мицковски, цело време го следи полиција?

50
Loading...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното гостување на Алфа ТВ рече дека очекува следно сценарио, како што рече, да биде неговото апсење. Говорејќи за последната полициска акција во која беа уаспени десетина лица, меѓу кои и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека веќе има план во случај на негово апсење.

-Мислам дека во тие сценарија ќе биде некој план за приведување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на лидерот на опозицијата и другите блиски соработници околу него. Ја користам приликата да апелирам до граѓаните и оние во раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе останат, да продолжат да се борат да не носат одлуки под емоција – рече Мицкоски.

Тој тврди дека е предмет на следење од страна на полициски службеници во Министерството за внатрешни работи.

-Имам јасен план во таков случај, свесен сум дека може до тоа да дојде, сум разговарал со луѓе од моето семејство дека со Заев и луѓето околу него се може да се очекува. Па и тоа да дојдат да ме приведат, ова е апел до луѓето кои се врткараат од специјална единица од МВР околу мојата куќа со изговор дека го набљудуваат училишниот двор во близина на мојот дом. Знам која е целта на оваа деспотаска власт – рече Мицкоски.

Извор: fokus.mk

loading...
You might also like