Ванковска: Ми се згади и жалам што бев дел од протестите за Мартин Нешковски

233
Loading...

Статус на Билјана Ванковска: ,,Колку горчливо чувство е кога години отпосле ќе биде обзнането и потврдено она што си го говорела кога те линчувале што се обидуваш да внесеш трошка разум за Нешковски.

Последен пат учествував на протестите за смртта на Мартин кога се конституираше новиот парламент. Ми се згади кога масата почна да скандира “убијци, полициска држава” (подоцна следуваше онаа морбидна сцена со торта во облик на починатото тело на Мартин).

Ми се згадија и си заминав зошто видов луѓе жедни за власт, а не за правда или процедури. Кога во 2015 ги пуштија наменски разговорите за Мартин, знаев што следува и не ми падна напамет да протестирам. Жал ми беше што не само покојниот, туку и семејството му го злоупотребија за да иницираат “револуција”.

Колку шарена, платена, толку и некрофилна беше целата таа фарса… Покрај газењето на некои важни морални и политички принципи, “револуционерите” ја прокоцкаа секоја идна шанса за автентичен граѓански отпор кон авторитарна власт.

Сега веќе никој нема ни сила ни морален интегритет да поведе. Ќе напишат некој ФБ пост колку се разочарани (некои од нив, не сите), ама останува на тоа. Зоки останува вожд. Колега Црногорец денес ми ја цитираше неговата баба (во друг контекст, ама важи и овде): никој, сине, нема да каже мајка ми е курва!”

loading...
You might also like