СДСМ мора да се дистанцира од овој! Политико кој беше спомнат во рекетот сака да ги нурне социјалдемократите против ЕУ и САД чии дипломати барале да се почне истрага? Прочитајте ја оваа колумна

167
loading...

Издржи Катица Јанева, ти благодарам за се што направи за земјата, верувам дека си невина и дека ќе успееш да си го исчистиш своето име

Објавено на 16.07.2019 во 19:23:46 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк

 

Сум бил во твоја кожа, знам како е да си мета на јавен линч.

Знам како е јавноста да те масакрира, особено кога си го жртвувал животот за доброто на таа иста јавност.

Знам како е некој да те прави чудовиште а знаеш дека не само што си добар човек туку се бориш против злото цел живот на своја штета дури.

Очигледно мафијата успеа конечно да ти се одмазди.

Нагази на многу силна и отровна змија, и таа ти возврати со сиот отров и со сета фуриозност.

И сега си ничкум легната на грб.

Кучињата сега те кинат. Кучињата добро платени од газдите кои ги ранат неколку декади кои им купија станови им даваат дебели плати со години, уште кога ит беше обичен обвинител во Гевгелија.

Но ќе биде се во ред. Издржи!

Знам дека си невина и дека ќе си го исчистиш твоето име.

Во моментов душата ми вели дека си чиста, наивна, невнимателна, но чиста како солза.

Фала ти за се што направи за оваа земја почитувана Катица Јанева.

loading...
You might also like