Кој е „Жарко“ спасен од Боки 13?

291
loading...

Поранешниот извршен директор на T-Mobile Македонија, Жарко Луковски во телефонски разговор со ТВ21.мк изјави дека никој не преговарал со СЈО во негово име и се огради од коментар по шпекулациите дека тој е Жарко за кој разговараат Боки 13 и Орце Камчев во аудио снимките објавени од Ла Верита.

Тој потврдил дека го познава Боки 13 уште од дете, но бил на одмор и немал доволни информации за што станува збор, пишува ТВ21.мк.

СЈО, иако беше истечен рокот, во октомври 2018 година отвори истрага за Луковски, бидејќи во текот на 2011 година, со искористување на положбата и овластувањето на „Бетон“ АД Скопје му прибавил значителна имотна корист од над 3 милиони евра. Случајот „Базни станици“ го води обвинителката Лиле Стефанова, која исто така се спомнува во разговорите меѓу Боки и Камчев.

РАЗГОВОР МЕЃУ БОЈАН ЈОВАНОВСКИ И ОРЦЕ КАМЧЕВ

Боки 13: Тој човек, преку мене стапи во контакт…

Камчев: Овој од горе? Нашиот?

Боки 13: Да. И заврши сé.

Камчев: Супер.

Боки 13: Ама заврши со двострано, и СЈО и ЗЗ. И големи работи, и големи проекти и сé.

Камчев: Нашиот?

Боки 13: Да.

За ова лица, Боки 13, го замолува Камчев да внимава да не излезат „муабети“, но Камчев го продолжува разговорот и додава дека лицето му е кум и дека СЈО за него има отворено предмет.

Камчев: Оти он имаше исто предмет таму…

Боки 13: Немаше.

Камчев: Имаше, за базните… Добро сега си го решил тоа, си решил матер.

Боки 13: Никој не знае.

Камчев: Си ја решил, добро супер. Види, Жарко ми е кум мене. Што збориш, нека си тера работа. Кој може, Бог да му поможе.

loading...
You might also like