Не е фатен во кражба на кебапчина па да одговара! Да се знае кој е не допирлив во оваа Држава! ПОСТОИ ЗАПИСНИК ОД МВР ДЕКА ПРАТЕНИКОТ ЏЕВАД АДЕМИ ПУКАЛ НА СВАДБАТА НА КОЈА БИЛ ПОВРЕДЕН НЕГОВИОТ СИН ?

131
loading...

Дали тетовското обвинителство го штити пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, чие име медиумите го споменуваа, односно посочија дека тој пукал на свадба пред една недела каде бил ранет неговиот син и уште едно лице? Алфа телевизија дојде до копија од полицискиот записник и водејќи се по исказот даден од сведок кој бил присутен на свадбата на 30 јули, пратеникот  Адеми и негов братучед се посочени дека пукале на веселбата.

-Во еден момент Џеват испукал еден рафал од НН црн пиштол во вис, а за кратко време дошол и неговиот братучед, кој седел до Џеват, кој откако седнал и тој извадил огнено оружје, пиштол сива боја и испукал неколку куршуми. За кратко време почнале и двајцата да пукаат рафално со нивните пиштоли, како да се натпреваруваат кој ќе испука повеќе, а откако престанале да пукаат, ги вкрстиле цевките на пиштолите и ги држеле во раце, стои во записникот на полицијата до кој дојде Алфа ТВ.

Во записникот на полицијата стои дека биле повредени синот на пратеникот и уште едно лице, кои со потешки повреди завршија на Клиничкиот центар во Скопје.

Извор: Магазин

loading...
You might also like