Заев: Пред Педер упатив извинување

115
loading...

„Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар, и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност“.

Оваа изјава на премиерот Зоран Заев што ја даде синоќа во Клубот на пратениците во коментар на очекувањата  и последиците од разврската на случајот „Рекет“ предивика редица реакции од политички партии, регулаторното медиумско тело, новинарските здруженија и невладините организации, а беше проследена и со коментари на социјалните мрежи.

По првите реакции, Заев преку „Твитер“ се извини на ЛГБТ заедницата и појасни дека зборот „педер“ го употребил како карактерна особина, а не да означа сексуална припадност.

– ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, напиша Заев на „Твитер“

loading...
You might also like