Нуклеарка на Снежана Лупевска: Имав средба со Катица, Завршивме со кавга по што реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела во мојата 25-годишна новинарска кариера

772
loading...

Новинарката Снежана Лупевска Созен на својот Фејсбук профил посвети статус на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева. Таа истакна дека жали што многумина не препознаа дека Катица Јанева не е воопшто каква што се претставуваше пред јавноста, вели новинарката Снежана Лупевска Созен.

За карактерот на Катица Јанева: Никогаш не добив желба да се сликам со неа, а единствената средба со неа беше и последна. Завршивме со кавга по што реков дека волку непрофесионален и дрзок обвинител не сум видела во мојата 25-годишна новинарска кариера. Буквално стана да ме избрка од својата канцеларија затоа што ја критикував. Ова првпат го кажувам јавно, а настанот има и сведоци. Затоа не ме чуди воопшто нејзината наредба за претрес и револтот што го предизвикала кај вработените. Жената не е воопшто каква што пред јавноста се претставуваше и жал ми е што многумина тоа не го препознаа особено меѓу моите колеги, напиша Лупевска на „Фејсбук“.

loading...
You might also like