Пратеничка од хрватска сестринска партија на ВМРО ДПМНЕ ќе го замени Хан?

401
Loading...

Дубравка Шуица, членка на Европскиот парламент од Хрватска, ќе ја зазеде позицијата комесар за проширување на Европската унија, која досега ја извршуваше Јоханес Хан, објави порталот Европски Западен Балкан, повикувајќи се на извори во Брисел.

Инаку, Шуица е членка на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) од 1990 година, извесен период беше и потпретседател на партијата, додека во периодот од 2001 до 2009 година ја извршуваше функцијата градоначалник на Дубровник.

 

Loading...
You might also like