Амерканскиот Претседател Вудро Вилсон уште во 1913 година побарал автономија на Македонија, британците го спречиле

391
Loading...

Вудро Вилсон

Значи, во една таква атмосфера, Михајло Пупин, како специјален пратеник на американскиот претседатрел, отворено се залагал за посебна, автономна македонска држава.

САД сакале да се реши македонското прашање уште во 1912 година!  

Но како Михајло Пупин станал специјален пратеник на американскиот претсетадел Вудро Вилсон, и на кој начин го поставил прашањето за автономија на Македонија, односно барањето за создавање назависна македонска држава? До 1911 а особено во текот на 1912-та година, повеќе американски весници и списанија пишувале за Балканот, посебно за Македонија, а американската јавност била релативно добро информирана за состојбата и судбината на македонскиот народ. Сето тоа довело пролетта 1912-та година САД директно да се замешаат во решавањето на  таканареченото „источно прашање“, односно прашањето за судбината на Македонија по пропаѓањето на Отоманската империја.

Повеќе не постоело „источното прашање“ туку само „македонско прашање“. Во тој контекст, САД со заинтересираност го следеле намошниот развој на настаните на Балканот, а посебно положбата на  македонскиот народ. Затоа за време на одржувањето на Мировната конференцијата во Букурешт, во август 1913-та година, Владата на САД интервенирала со нота кај владите на балканските  држави, нагласувајќи дека „со задоволство би прифатиле одредба во договорот со која целосно би се гарантирале граѓанските и верски права на граѓаните“, мислејќи , пред се, на Македонија и македонското население.

Се разбира, Михајло Пупин, големиот научник, чии претци потекнуваат токму од Македонија, кој веќе бил познат граѓанин на САД, не можел да биде индиферентен кон она што се случувало на Балканот а особено во Македонија. Според документите што ги истражувал проф. д-р Павле Митрески, Михајло Пупин  активно се вклучил во акциите поврзани со балканската војни, односно два дена по нејзиното започнување на 18 октомври 1912-та година, ги собрал на состанок во Њујорк дел од иселениците од Србија и Црна Гора. На состанокот присуствувале околу 500 лица, а имало и новинари меѓу кои и новинари на влијателниот  „Њујорк тајмс“.

Михајло Пупин

Пупин зборувал на српски јазик, а за новинарите имало симултан превод кој го вршел Адолф Леви. Во почетокот на својот говор Пупин истакнал дека Балканската војна не е само војна против Турција туку и војна против европската дипломатија, а особено против „големите сили кои не ги спроведоа во дело одлуките на Берлинскиот конгрес од 1878-та година а кои се однесуваа на балканските држави“.

Овие зборови на Путин всушност се однесуваат на една од одлуките од Берлинскиот конгрес според која Македонија требаше да добие автономија со што сигурно немаше да дојде до Илинденското востание, како и до кобниот Букурешки договор и поделбата на Македонија. Говорот во Њујорк, Пупин го завршил со зборовите „да ги ослободите вашите браќа во Македонија, да ги сочувате вашите жени од Турците, вашите ќерки од опасноста на харемот, од колење и грабеж.“

Притоа, во меѓувреме, бројните апели што пристигнувале од страна на  македонските асоцијации во Америка и Канада до претседателот Вудро Вилсон, но и до државниот секретар на САД, барале да се реши македонското прашање, односно македонскиот народ да биде признат и да добие автономност. Ваквите барања биле публикувани и во американскиот печат. Се разбира, тоа влијаело не само на американската јавност туку и на американската делегација во Париз да изгради став дека е време, дека е неопходно Македонија да добие автономија. Сето тоа американската делегација, особено Михајло Пупин ќе го искористи за да го отвори на маса македонското прашање.

Според мировната програма на претседателот на САД, Вилсон, која има 14 точки, Букурешкиот договор не може да биде основа за решавање на балканскиот проблем, со оглед на тоа дека договорот бил дело на корумпираните балкански буржоазии. Во дипломатските  кругови на САД се сметало дека единствено можна, прифатлива солуција за трајно решавање на опасниот балкански проблем, во чие средиште е македонското прашање, е „создавање автономна македонска држава“, која, подоцна, откако ќе добие автономија, би можела да се приклучи во сојуз на самостојни балкански држави, во балканска конфедерација.

Велика Британија го спречила создавањето на  автономна Македонија!?

Според документи од американските и британските архиви, македонското прашање било разгледувано на тајни, прелиминарни разговори што се воделе во Париз и Лондон, пред започнувањето на Мировната конференција, и тоа во повеќе наврати, а најмногу во контекст на концепцијата на претседателот Вудро Вилсон. Притоа, за разлика од Америка, која била за создавање на автономна македонска држава, Велика Британија била решително против создавање на каква било македонска државност, со образложение дека автономија значи исто што и независност.

Loading...
You might also like