ТАРАВАРИ: СДСМ ЛОШО СТОИ СО АНКЕТИТЕ, ЗАТОА БРЗААТ НА ИЗБОРИ

280

Според Таравари, Зоран Заев ќе доживее дебакл на изборите токму поради катастрофалната состојба во државата на здравствен и економски план. СДСМ на анкетите не стои најдобро и од ден во ден нивниот рејтинг е се помал, затоа сакаат брзи избори вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во интервју за „Инфомакс“.

„Гледате дека според анкетите СДСМ не стои баш најдобро. Потоа ова што се случува е веќе загрижувачки, повеќето граѓани ако не веруваа на институциите после овие настани уште повеќе нема да веруваа. Знаете економската криза веќе ни е пред праг, толку резерви имаат граѓаните, ги потрошија, се исплашија и никој не мрда ништо. Знаете тие луѓе кои работат надвор од Македонија не доаѓаат и го нема тој приход кој тие луѓе го трошат во Македонија. И сето тоа не носи во огромна економска криза. Плус разочараноста во целиот систем, да не зборуваме за образованието, скандалозно, три-четири месеци сме без никаква платформа во образованието, каде се одржуваа каде не се одржуваа часови. Има огромна разочараност. И тој брза што ќе фати, да фати побргу, што повеќе гласови што ќе може да земе. Инаку ќе соочи со огромен дебакл на изборите“, вели Таравари.