„Ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите“ – Закани до Боки 13 и адвокатот додека давале исказ во ОЈО

337

Вистинска драма се одвивала денес во Основното јавно обвинителство додека Бојан Јовановски го давал својот исказ во врска со кривичните пријави кои тој ги поднесе против десетици актуелни функционери на власта, и еден бизнисмен, објавува Инфомакс.

Пред почетокот на сослушувањето од страна на обвинителот, како што дознава „Инфомакс“, лице од непознат за адвокатот на Јовановски, телефонски број со мутиран глас му предочил дека треба да внимава што зборува пред обвинителот, а уште повеќе да внимава како се однесува неговиот клиент. Во спротивно, Дуковски и Јовановски ќе требало да внимаваат на своите и животите на нивните семејства.

Случката се одвивала пред обвинителот, а за настанот е составена и белешка која е вметната во кривичната пријава.