ЕКСПЛОДИРА НОВА БОМБА ВО КОЈА СЛУША ГЛАСОТ НА КИЧЕЕЦ: Пратен сум дирекно од Заев….

530

Нова аудио бомба која се појави на „ЈуТјуб“ каналот „Раце Лепливи“, открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал од интернационални рамки во кој се врзува името на контраверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака, Зоран Заев и Рашкоски. Врската за овие три имиња е Зоран Милески Кичеец кој пак е осуден за случајот Рекет.

Аудио бомбата опфаќа разговор на Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев.

Разговорот објавен на „ЈуТјуб“ го почнува Зоран Милески кој му кажува на тајкунот Давидовиќ Дака да одат кај Зоран Заев и дека има организирано се. Подоцна се дознава дека Дака и Заев имале директни средби, но и дека биле платени 300 илјади евра.