МЕГА НУКЛЕАРКА ОДЕКНА ВО СУДНИЦА! Боки тврди дека Русковска го ослободила Кичеец за да ги наместат изборите?!

1,259

Се приклучувам на барањето за изземање на Вилма Рускоска бидејќи јас сум жртва на гол политички систем, рече Бојан Јовановски на денешното прво судење за предметот „Рекет 2“. Тој имаше расправија со судијката Ефремовска за која бараше да не го прекинува додека зборува.-

-Рускоска го застапуваше предметот „Рекет“ тенденциозно и селективно, а со нејзина согласност судот донесе одлука Кичеец да биде пуштен на слобода. Тој е пуштен бидејќи идат избори и заедно со Рускоска треба да местат избори, рече Боки по што судијката го прекина неговиот говор.