Екс Министер на СДСМ бара Заев и Мицковски да направат коалиција

169

„Можеби е време за Влада на национален просперитет (СДСМ+ВМРО-ДПМНЕ+СИТЕ-ПАРТИИ-ШТО-БИ-JA-ПОДДРЖАЛЕ) во која еден од трите стратешки столба ќе биде изградбата на „едно општество за сите“, онака како што тоа го постулира државната Национална стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам (оваа Стратегија сега е документ на Владата на Р.С. Македонија и на сите граѓани на државата). Македонија нема подобро „оружје“ од ова за да се спротивстави на матрицата на девастирачкиот национализам (ултрадесен или радикално лев). Двата други столба на државата треба да се развојот на економијата и создавање подобро платени работни места и изградба на демократското општество и институции во служба на граѓаните.“