„Србија треба да добие дел од Македонија“ – Познат оперативец на ЦИА предвидува големи промени во границата на Балканот

2,500

Стивен Мејер беше помошник директор на американската Централна разузнавачка агенција за Балканот за време на војната во Босна, човек кој работел како постар менаџер и аналитичар специјализиран за европска и руска политика.

Тој е познат на српската јавност по неговите необични ставови за прашања од национално значење, особено ако се земе во предвид дека тој го имаше својот врв во кариерата за време на интензивните судири меѓу Србија и Западот, предводени од Соединетите држави. Со своето децениско искуство, тој научи дека некои правила неразбирливи за Западот се применуваат на Балканот.

Стивен Мејер нема ништо против Голема Албанија и Голема Србија, што би го вклучило македонскиот дел од Северна Македонија. Во интервјуто, тој ја презентираше својата визија за современиот Балкан, Европа и светот.

– Сакам да започнам со тоа што ќе кажам дека една од работите што ми го покажаа долгогодишното искуство е дека владата на Соединетите држави и американските политичари навистина не ги разбираат проблемите овде. Ова беше особено јасно за време на војните во 90-тите години, кога американската влада, Стејт департментот и администрацијата на Клинтон одлучија каква ќе биде политичката иднина на Балканот. Најважното нешто што администрацијата го пропушти, а многумина од нас во ЦИА го чувствуваа тоа, беше длабочината и важноста на етничките димензии. Колку е важно етничкото потекло, колку е важно припаѓањето на луѓето. Во текот на 20 години, повеќе пати реков и пишував дека не е можно во овој момент да се градат меѓуетнички и мултиетнички држави. Тоа ќе дојде во иднина, но сега државите што постојат во оваа област треба да бидат моноетнички – заедници на само една нација. Затоа Босна не функционира, затоа Косово е во хаос и тешкотии, затоа Македонија има значителни проблеми.