ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО СВЕТОТ: Луѓе! Ситуацијата е тешка, но ќе победиме

1,494

Ситуацијата со коронавирусот во Русија не се смирува, но и натаму може да тргне во било која насока, нема причина за релаксирање, изјавил претседателот на Русија, Владимир Путин.

 

“Не бевме без пропусти, секако, ни без проблеми. Тоа не се случува никаде. Но, како што кажав, се на се успеавме да се избориме со досега невиден предизвик и одбиваме напад на оваа епидемија”, рекол Путин на состанoкот за санитарно-епидемиолошка ситуација во Русија.

 

Путин забележал дека во јуни и јули бројот на заразени со коронавирусот во Русија постепено се намалува: според податоците, бројот на откриени нови случаи сега е речиси двојно помал отколку во мај.

“Истовремено сакам веднаш да кажам: ситуацијата и натаму е тешка, и како што се вели, може да отиде на било која страна. Затоа и се собравме. Нема никаква причина да се опуштаме и да ги заборавиме препораките од лекарите”, истакнал Путин.