ПУТИН ГО СПАСУВА СВЕТОТ! Русите најдоа вакцина за Корона! Во Август ќе биде одобрена а еве кога ќе пристигне кај нас?

661

Русија планира да биде првата земја во светот која што ќе ја одобри вакцината против коронавирусот за помалку од две седмици.

 

Руските власти за „Си-ен-ен“ изјавиле дека работат на вакцината која што ја развил московскиот институт Гамалеј, а истата ќе биде одобрена до 10-ти август или претходно.

Таа ќе биде одобрена и за јавна употреба, а први ќе ја добијат здравствените работници.

„Тоа е момент Спутник“ – изјавил Кирил Дмитриев, шефот на рускиот фонд за суверено богатство, кој што ја финансира руската истражувачка вакцина, мислејќи на успешното лансирање на првиот сателит на светот од страна на Советскиот Сојуз во 1957-та година.

„Американците беа изненадени кога го слушнаа звукот на Спутник. Исто е и со вакцината. Русија ќе ја има прва“ – додал тој.