ДА ГИ ИСПЛУКАМЕ ЈАВНО! Денес ќе бидат објавени фирмите кои земале државни субвенции а не им дале плата на работиците!

752

Владата планира да ги објави јавно фирмите кои земале државни субевниции, а на своите вработени не им ги исплатиле платите. Сите ќе бидат ставени денеска на интернет страницата на Генералниот секретаријат на Владата. Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска соопшти завчера дека 700 работодавачи користеле субвенции за исплата на платите, но во кризата и покрај субвенционирањето платите не им ги дале на своите вработени. Таа најави и казни, а во меѓувреме во овие два дена газди побрзале да им ги исплатат платите на вработените. Соочени со можноста да треба да ги враќаат парите, дел од работодавачите сакале да избегнат санкции па се раздолжиле.

Сета јавност беше гневна што работодавачи се спасувале од кризата на грбот на вработените кои цело време работеа. Експертите бараа казни веднаш, а од Сојузот на Синдикати побара овие работодавачи и кривично да одговараат.

„Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Oд ССНМ ги осудија сите работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати на своите вработени. Додаваат дека целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат на грбот на работниците за време најголемата здравствена, социјална и финансиска криза со која се соочуваме. Сметаат дека ваквото однесување на работодавачите е недозволиво, неправедно, незаконско и нехумано.