Мане Јаковлевски: Го шетав Љубчо низ Европа како бела мечка кога немаше пари ни за гаќи

979

„Љубчо Георгиевски е најобичен бугарофил, а да не бев јас, тој до ден денеска немаше да може ниту гаќи да си купи.“

Ова е реакцијата на Мане Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО – ДПМНЕ, на обвинувањата на поранешниот партиски лидер дека тој и Змејковски биле партиски профитери и самонаречени големи вмровци.

Тој вели дека самиот е крив што му овозможил на Љубчо Георгиевски да застане на чело на партијата и дека јавно се извинува поради тоа.

„Јавно му се извинувам на Драган Богдановски што не го послушав во 1992 година кога ме тераше да го тргнеме Георгиевски од партијата поради неговата пробугарска ориентација. Искрено жалам што тогаш не го послушав“, вели Јаковлевски.