ОД КОРОНА ПОЧИНА 27 ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ

118

На Инфективната клиника во Скопје почина 27-годишно момче од Битола кое било позитивно на коронавирус, објави ТВ21.

Момчето било префрлено на клиника во Скопје од Ковид Центарот во Битола, каде претходно се лекувало.

Според телевизијата, тоа работело во познато кафуле во центарот на Битола.

Од Министерството за здравство за „Фокус“ изјавиле дека момчето како дете било лекувано од малигна болест на крвта во ремисија десетина години.