КАКОВ ПЛАН КРОИ ПУТИН? ГЕРМАНЦИТЕ ГО АЛАРМИРААТ ЦЕЛ СВЕТ: Русите отвораат воени бази во 6 афрички земји

587

Русија постигна договор со шест африкански лидери да ги изгради своите бази на териториите на нивните земји, објави германскиот „Билд“.

Според медиумите, до ден денес Русија спроведува воена соработка со 21 африкански земји.

Германските медиуми стасаа во тајност на тајниот документ од канцеларијата на Министерството за надворешни работи. Според документот, Русија веќе 5 години активно гради воени „контакти“ во Африка. Неодамна, за време на преговорите, Москва доби дозвола да ги основа своите воени бази во Централноафриканската Република, Египет, Еритреја, Мадагаскар, Мозамбик и Судан.

Според извештаите на медиумите, руските воени експерти активно обучуваат војници од овие земји со кои Москва има одлична воена соработка. Билд исто така известува дека, покрај редовните воени трупи, во овие земји се активни и приватни воени компании како што е групата Вагнер.