УДАРНА ВЕСТ! ОТКРИЕН СОСТАВОТ НА РУСКАТА ВАКЦИНА! Научниците шоќирани од резултатите од анализата

1,618

При правењето на вакцината против вирусот корона, на научниците им помогнаа информациите добиени за време на развојот на серумот против ебола.

За време на развојот на вакцината против корона вирусот, на научниците им помогнаа информациите добиени при развојот на серумот против ебола, а се користеше истата технологија, рече директорот на Националниот истражувачки центар „Гамалеј“, Александар Гинбург.

– Станува збор за иста технологија, иста технолошка платформа. За прв пат, ефикасноста на технологијата на векторско внесување гени во човечки клетки за правење вакцина беше тестирана на ебола – рече тој.

Како што рече, таа технологија е направена да воведе гени во човечкото тело со друга цел – целта на лекување на болести со помош на генетска терапија. Сепак, истата технологија сега успешно се користи за правење вакцини.

Според него, станува збор за технологија која може точно, до еден нуклеотид, до една аминокиселина, да ја одреди дозата што треба да се воведе во организмот со цел да се произведе одреден вид на имунолошки одговор.