Апасиев: Нина Групер да се јави на главна каса

265

„Јавните ДАВАЧКИ стануваат потешки колку повеќе се оддалечуваат од својот извор!
Овој товар треба да се мери не според количината на даноците, туку според патот што тие даноци треба да го поминат за да се вратат во рацете на оние од кои произлегле. Ако овој промет е брз и добро уреден, не е важно дали се плаќа малку или многу – народот е секогаш богат, а финансиите [на државата] се добри.
Напротив, народот колку малку и да дава, ако тоа ‘малку’ не му се враќа, давајќи постојано и тоа ‘малку’ ќе се исцрпи – па така државата не е никогаш богата, а народот е секогаш сиромашен. 🤔
Од ова следи дека колку повеќе расте растојанието меѓу народот и Владата – толку потешки стануваат давачките“

Жан Жак Русо (Општествениот договор / 1763)

#НинаГруперДаСеЈавиНаГлавнаКаса