Геровски: Заев покажа дека му се допаѓаат економските политики на Никола Груевски

218

И еве ви го сега истиот Заев, ви вели – нема да има промени во даночната политика. Нема да има нови даноци. Те шуќур! Даночниот систем и политиките поставени од неговиот претходник Никола Груевски на Заев сега му се добри. Ма одлични! Зашто навистина се добри, да бидеме реални. Можеби не се идеални, но Заев и другарчињата подобри и поодржливи даночни политики, едноставно, не можат да смислат. Можеби може новиот министер Фатмир Бесими, ама како што веќе реков, во оваа ситуација тој ќе крпи буџетски дупки и ќе се надева дека со тие крпеници ќе му овозможи на премиерот Заев да инјектира нови пари „во народот“. Зашто, за една коронагодина од сега, на ред се локалните избори, а избори во општество во кое доминираат популизмот, клиентилизмот и корупцијата, се добиваат само со легално поткупување на избирачите.

Ви пренесуваме дел од колумната на Бранко Героски објавена на Плус инфо