Економски лекции од Ротбард за новата Влада!

36

Во случаи на економска криза скоро секој граѓанин од хигиеничар па се до политичката болумента знае дека владата мора да потроши повеќе пари и да навлезе длабоко во долгови со цел да ја релативизира празнината што по дифолт за време на криза ја создава приватниот сектор.

Според правилата на еден од најголемите економисти во САД, Мареј Ротбард, кој смета дека баш во услови на економска криза, владата не смее да се меша или интервенира со регулации или инјектирање на средства од буџетот во пазарот! Колку и да е болен процесот во кој одредени бизниси пропаѓат, според него политиките за владина интервенција се сосема погрешни и даваат негативни ефекти. Односно колку владата повеќе интервенира, толку кризата ќе биде подолготрајна и по исцрпувачка.

Што научивме од изминативе неколку месеци кај нас? Имавме трансфер на средства во сите погодени сектори, алудирам пред се на малите бизниси кои ги користеа владините мерки. Преживеаја ли? Голем дел не! Прошетајте по чаршиите на секој поголем град, Никад немало толку затворени дуќани, толку намалена трговска раздвиженост.

Но не беше се така црно, имавме и мерки како мораториум на кирии и бескаматните кредити од Развојна Банка со кои верувам би се согласил и Ротбард.

Друго! На напорите во ситуавција на криза вештачки да се одржуваат платите високи се не релевантни, посебно во услови на пад на цените кој ќе резултира со зголемување на невработеност. А од друга страна одржување на висината на ценети ги зголемуваат трошоците за живот што ќе резултира со вишок на стоки кои ќе нема кој да ги купи.

Понатаму! Крајно лоша беше кампањата за стимул на потрошувачка, односно на купување на домашни производи кои ја обесхрабруваат заштедата на пари а истата е главна алатка за побрзо закрепнување на економијата, во продолжение би ја додал и мерката за субвенционирањето на невработените кои ги обесхрабрија младите да бараат работа или да прифаќаат пониски плати.

Да резимираме! Политиката на Ротбард за справување со економска криза се заснова на тоа дека владата не треба да спречува паѓање на цените и платите или да застане на патот на банкрот. Макотрпен е патот на закрепнување, но ефективен и истиот вклучува пад и на цените и на платите.

Поборниците за слободен пазар сметаат дека дефлацијата е неопходен процес и покрај сето тоа има многу примери на бизниси кои од мали компании после економска криза станале големи гиганти. До некаде оваа состојба на некој начин им одговара на погоре наведените подржувачи на “австриските економисти”, затоа што конечно би требало да видиме како државите ќе фонкционираат во услови на децентрализација, намалување на даноци, намалување на “помпезна” администрација и измислени државни работни места, укинување на социјалната и здравствена заштита, имплементирање на мал буџет и Држава и секако крај на војните.

 

Љупчо Маркоски