Албанците од Косово бесни затоа што Србија со договорот добила се

291

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти рече дека, како што вели, нелегалниот премиер на Косово, Авдулах Хоти, потпишал договор сам со себе вчера во Вашингтон.

Во објава на својот профил на Фејсбук, Курти рече дека вчерашната акција покажала дека предизборната кампања во САД продолжува.

– Продолжува изборната кампања во САД. Синоќа, во присуство на претседателот Трамп, нелегитимниот премиер на Косово и автократскиот претседател на Србија потпишаа договор со сами со себе, рече Курти.

Според него, нема ниедна точка во тие потпишани документи поврзани со односите со Белград, што може да се смета за достигнување на делегацијата од Приштина.

Поранешниот премиер на Косово го критикуваше вчерашниот договор, за кој вели дека е на штета на Приштина, пренесува Косово онлајн.

– Мораториумот за прашањето за членство и оспорувањето на употребата на Газивода се нивни огромни неуспеси. Сите во нашиот регион се свесни дека „мини-Шенген“ и помага на хегемонијата на Србија во овој дел на Европа, истакна Курти за кого злосторства и воена штета, е долг што го должи Србија, а косовската делегација ги игнорирала или заборавила.