ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА ЗАПАДОТ! Руската вакцина функционира

1,183

Вакцината против коронавирусот развиена и тестирана во Русија создала неутрализирачки антитела кај десетици тестирани, а иако често предизвикувала несакани ефекти како треска, тие ефекти главно биле слаби, според податоците објавени денес во медицинскиот магазин Лансет.

EPA-EFE

Русија наиде на критики кога во август објави дека ја создале првата вакцина против коронавирусот за широка употреба – дури и пред да ги заврши клучните истражувања од фазата три.

Во студиите кои се спроведени во првата и втората фаза од развојот на вакцината, наречена Спутник V, сите 76 учесници во студијата развиле антитела на вирусот кој го предизвикува ковид-19, се наведува во извештајот на престижниот медицински магазин. Нивоата на нетрализирачките антитела биле слични на нивоата на антителата кои ги имале луѓето по природното оздравување од ковид-19.

Научниците ги следеле и одговорите на Т-клетките, другите компоненти на имунолошкиот систем.

„Резултатите на истражувањата исто така сугерираат дека вакцината произведува одговор на Т-клетките во рок од 28 дена“, напишаа истражувачите.

Научниците кои не биле вклучени во студијата кажаа дека, иако резултатите се позитивен знак, само поголеми истражувања во рамки на фазата 3 можат да потврдат дали вакцината навистина ја спречува болеста.

„Податоците за студиите на руската вакцина за кои известува Лансет се охрабрувачки“, кажа Брендан Врен, професор по микробиолошка патогенеза во Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Во студијата половина од учесниците добиле треска, а 42 отсто главоболка. Покрај тоа, околу 28 отсто почувствувале омалаксаност, а 24 отсто имале болки во зглобовите. Во написот не се наведува колку долго траеле овие несакани ефекти, туку се наведува дека „повеќето несакани ефекти биле слаби“.

Вакцината е регистрирана во Русија во август, пред да ги помине големите истражувања. Истражувачите од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во Русија добиле на 26 август одобрување за спроведување на фазата 3, во која се очекуваат 40.000 доброволци, се наведува во соопштението за медиуми.