Нови детали од договорот Вучиќ – Трамп: Албанците ќе враќаат имот на Србите?

637

Приштина според штотуку потпишаниот договор ќе пристапи на иницијативата Мини Шенген, без одложување ќе почне изградба на мрежа на нови патишта и пруга која подобро ќе го поврзе регионот, аво Белград ќе биде отворена канцеларија на Американскиот фонд за развој, е една од клучните точки на спогодбата за економска нормализација на односите.

Спогодбата подразбира сеопфатен план за нормализација на економските односи меѓу Белград и Приштина. На состанокот е договорено и дека Приштина во целост ќе пристапи на иницијативата Мини Шенген, која покрај Вучиќ ја иницираа и албанскиот премиер Еди Рама и премиерот Заев. Ова е значајна вест за Србија која е најголем извозник во регионот и која заради затворањето на пазарот во Косово загуби повеќе од половина милијарди евра за само две години, пренесува српски Блиц.

Пристапувањето на Приштина на Мини Шенген ќе придонесе за создавање единствен пазар, а некои од конкретните придобивки се:

– Се решава сегашниот застој во признавањето на сертифиткатите;

– Се укинува можноста за воведување еднострани трговски бариери;

– Се укинуваат досегашните колони камиони и возила на административните премини и им го олеснува движењето на граѓаните;

– Признавање на дипломите и професионалните сетрификати ќе им овозможи повеќе можности на младите луѓе на двете страни, особено на Србите од Универзитетот во Косовска Митровица кои досега беа дискриминирани затоа што институциите во Приштина не им ги признаваа дипломите.

Вложување во мрежата патишта и пруги

Двете страни се спогодиле и формално се обврзале да започнат изградба на мрежа на нови патишта и пруги кои ќе ја сменат сликата на регионот.

Прашањето за имотот на СПЦ

Постигнат е мошне важен договор врзан за имотот на СПЦ, со кој приштина формално и документирано се обврзала да ги почитива пресудите кои се однесуваат на црковниот имот. Ова е исклучително важно заради неодамнешните обиди да се узурпира имотот и да се наруши мирниот живот на манастирот Високи Дечани…

Промени на граничните и административните премини

Страните ќе почнат да примениваат најсовремени процедури за отстранување на безбедносните закани по патниците на премините, со што двете земји ќе бидат значителен чекор поблизу до воведување безвизен режим меѓу граѓаните на Србија и САД…