Ова е точката 10 од договорот Трамп – Вучиќ во која се бара признавање на Косово

99

На почетокот на состанокот во Белата куќа, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му бил врачен документ со 16 точки. Токму под точката со број 10 било барањето да се признае Косово!

Српски Курир имал увид во тој документ и еве како гласи точката 10:

„Двете страни се обврзуваат на меѓусебно признавање, на заштита на етничките малцинства, реституција на имотот, решавање на статусот на државјанствата, како и за усогласување за отворање канцеларии задолжение за заштита и следење на правата на малцинските групи кои ќе доставуваат годишни извештаи.“

На српската делегација, како што пренесуваат медиумите, се вршел голем притисок, за што за време на паузата од состанокот зборувал и министерот за финансии Синиша Мали.

„Притисокот е огромен, ова се тешки теми за нас. Претседателот се бори, а дали ќе издржи ќе видиме, рекол Мали пред новинарите во Вашингтон.