Лавров телефонски му се јавил на Вучиќ и му дал црвен картон поради коментарот кон Захарова

520

По коментарот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова која на својот Фејсбук профил објави фотографија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ од Белата куќа, како седи на столче наспроти работната маса на Доналд Трамп, споредувајќи ја со култната сцена од филмот „Ниски страсти“ и острите реакции во Србија, меѓу кои и на Вучиќ, кој оцени дека „се работи за нејзин простатилук“, прво дојде извинување од самата Захарова, која кажа дека била „погрешна протолкуван„ како и до телефонски разговор меѓу Вучиќ и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, од кабинетот на српскиот претседател соопштија дека „Претседателот Вучиќ денеска разговараше со Лавров и го запозна со разговорите што делегацијата на Србија ги имаше во Вашингтон и Брисел.“