17 години трпел неверојатни болки, од главата му извадиле „чудовиште“ долго 13 сантиметри! (Видео)

337

Пациент по име Чен од Кина им рекол на лекарите дека почнал да чувствува треперење на рацете и нозете пред 17 години, а повремено имал и главоболки и мачнина. Бидејќи неговите родителите имале проблеми со движење на екстремитетите, тој ги игнорирал симптомите и никогаш не отишол во болница мислејќи дека има генетски проблем. Но во 2015 го загубил чувството во горниот дел од телото.

Откако му бил направен скенер, лекарите откриле црв во неговиот мозок, а нему му била дијагностицирана ретка паразитска болест. Лекарите велат дека неговата инфекција е резултат на пиење контаминирана вода или консумирање недоволно зготвено месо од диви животни.

„Еднаш кога црвот ќе влезе во телото може да предизвика сериозни инфекции. Паразитот го „јаде“ мозокот и ги оштетува неговите функции, што резултира со проблеми при движењето на екстремитетите“, рекол еден медицински работник за тамошните медиуми.

Чен сега полека и успешнхо се опоравува откако лекарите му го извадиле црвот од мозокот кој бил долг нешто помалку од 13 сантиметри, а се проценува дека паразитирал околу 17 години.