Ахмети е ѕверка!Освен МЕПСО, ДУИ ќе раководи си Фондот за здравство, БЈБ и Финансова полиција

248

Според договорот Заев-Ахмети, ДУИ ги презема од СДСМ и Бирото за јавна безбедност во МВР, како најважна оперативна позиција во полицијата, како и Финансовата полиција, како клучна институција за финансиско разузнавање, дознава Пресс24, неофицијално од партиски извори. Исто така ДУИ ќе раководи и со Фондот за здравство, како една од клучните институции во оваа област.

Неофицијално, директор на БЈБ ќе биде Шефик Бајрами, вработен како началник во МВР, а досегашната заменик министер за финансии Ширет Елези ќе биде директор на Финансова полиција. Со Инспекторат за труд, ќе раководи Хади Фетиши, со Фонд за здравство, Фатон Ахмети, на чело на МЕПСО доаѓа Мукадес Хајдари а на АЕК Арианит Џафери. Арсим Нуредини ќе биде прв човек на Директорат за заштита и спасување, на Агенција за лекови, Лирим Шабани а на Државни патишта, Ејуп Рустеми. Биро за метрологија ќе го води Фестим Халили, Центар за управување со кризи, Бајрам Насуфи, Државен Катастар, Башким Ахмети а Железници, Фатон Положани, објави порталот.