Пукна тиквата меѓу Боки и Катица! Јанева го тужи Боки за 22 фотографии, за другите ќе му прогледа низ прсти

187

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13-ка за 22 фотографии кои се најдени во неговиот мобилен телефон, а кои тој ги снимил во нејзиниот дом или на друго место.

Адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев, после денешното рочиште рече дека висината на казната не е толку важна колку што е важно дека е земен замав со неовластено снимање и фотографирање, кое потоа се користело за свои цели. На рочиштето денеска не дојдоа ниту Јанева, нути Јовановски. Тој е во болница по итна операција, а таа е во домашен притвор во Гевгелија.

– Катица поднесе тужба откако увиде дека во телефонот на Бојан има снимки од нејзиниот приватен живот со кои се нарушува и принципот на заштита на приватност. Превидена е казна од три месеци затвор, но не е тоа поентата. Катица ценеше дека е земен преголем замав, дека се снима неовластено и потоа се користи за свои цели. Станува збор за 22 фотографии кои се наоѓаа во телефонот на Бојан. Не поднесовме за повеќе, иако имаше повеќе фотографии и снимки. Направени се на повеќе места, претежно во домот, но има и во ресторан. Сите фотографии беа дел од „Рекет“ – рече Кадиев денеска.

Следното рочиште е закажано за 19 октомври. До тогаш се очекува Јовановски да закрепне и да се врати во затворот во Шутка.