ОВА СЕ ИМИЊАТА НА ПЕТТЕ ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ ОД ДУИ

165

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби денеска посочи дека ДУИ ќе добијат 5 заменички места во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за транспорт и врски, за правда, здравство.

Според информациите на Вечер.мк од извори во ДУИ, ова се предлозите на партијата:

  • Заменик министер во МВР – Назим Буши екс директор во Телеком
  • Заменик министер во Одбрана – Башким Хасани – актуелен заменик директор во Финанскиска полиција
  • Заменик министер во здравство – Илир Хасани – моментален директор во Торакал
  • Заменик министер во Правда – Агим Нухиу – моментален заменик министер во МВР
  • Заменик министер во Транспорт и врски – Беким Реџепи – бил член на судски совет

Со коалицискиот партнер СДСМ договорени сме за поделбата на позициите на замениците министри, државните секретари, како и основната поделба на некои од директорските места. Но, тоа всушност не е поделба туку замена на ресорите, на пример АД Пошта со МЕПСО, Фондот на ПИОМ со ЈПДП. Се работи само за размена на директорски места за да бидеме многу попродуктивни и луѓето да дадат подобри резултати на нивните нови работни места. Нема други нови поделби на директорски места, рече на денешната прес-конференција првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, одговарајќи на новинарски прашања. Додаде дека се друго се шпекулации, во моментов.

Груби изрази надеж дека утре или задутре ќе ги заокружат имињата на замениците министри и државните секретари. ДУИ, како што рече, ќе има заменици министри во министерствата или вкупно пет.