Трифун Костовски возврати на Гошев: Како со државна плата стана сопственик на куќи, вили, земјишта, дуќани

1,482

Доколку сакаме да ги решаваме криминалот и корупцијата како општествено зло, покрај судството, мора да се зафатиме со справување на девијантните појави во целиот систем.

На крајот би сакал да се осврнам на човекот кој е познат во јавноста по ЧИСТИТЕ РАЦЕ и кој е длабоко убеден дека тој ја донел самостојноста на РМ и за себе мисли дека е најдобриот екс-гувернер на РМ. Името не му го спомнувам, бидејќи ако му го спомнам ќе помисли дека е награден од мене.

Сме биле познаници од минатото, да,.. така е, меѓутоа нашите животни патишта отидоа на две различни страни. Човекот беше експониран во политиката на нашата претходна заедничка СФРЈ, продолжи со своето политиканство во независна Македонија, беше Министер за финансии во Владата на Црвенковски, каде беше сменет поради некомпетентност.

 

Тој и неговите финансиски патрони кои го финансираа целиот негов политички живот, ме убедија да се заземам за негово именување Гувернер на Народна банка. Јас се заземав и навистина стана гувернер. Што испорачаа? А што добија тие ЧИСТИ РАЦЕ???

Испорачаа стечај на две банки и личен каприц кон семејството Стојменови, да не им дозволат од штедилница да прераснат во банка. БРАВО! А што тој човек доби?

Доби статус и имоти кои денес го прават многу успешен и богат човек, со куќи, вили, земјишта, дуќани, сето тоа стекнато со една плата на политичар. И сега почитувани истиот тој човек се става како гласноговорник во заштита на Народна банка и Гувернерката Ангеловска- Бежоска. Ќе го употребам турскиот зборот РЕЗИЛ.

Почитувани читатели, веќе не му се обраќам на човекот. Никогаш во животот не сум бил толку остар и мислам дека нема повеќе ни да бидам. Ќе се борам со неправдата со сите мои расположиви капацитети и можности.

Од мене толку почитувани читатели, време е да дејствувавме, а не само да констатираме.

Извор: Либертас