СКАНДАЛ!! Гинеколог со своја сперма ги затруднувал пациентките без да знаат !!!

248

Гинеколог во Холандија,кој сега е починат, со својата сперма вештачки оплодил жени кои сметале дека донаторот е анонимен, и со тоа станал биолошки татко на 17 деца, соопшти денеска болницата каде што работел.

Јан Вилдшут работел од 1981 до 1993 година во болница во градот Цволе, на северот на Холандија.
Најмалку 17 деца биле зачнати со вештачко оплодување со спермата на тој гинеколог, кој, исто така, имал свое семејство, изјавија од болницата, кои ја оценија неговата работа како „морално неприфатлива“.

Институцијата, која порано се нарекуваше болница во Софија, не ја исклучи можноста Вајлдшут да е биолошки татко на повеќе деца.