Најнов предизвик, женски постираат слики без градници, еве ги најкреативните

1,207

Многу инфлуенсерки и кориснички на социјалните мрежи се пофалија дека во текот на карантинот целосно ги отфрлиле градниците.

Меѓутоа, некои експерти тврдат, дека иако неносењето на брусхалтери е удобно, сепак оваа пракса може долгорочно да влијае врз обликот на градите.

Викторија Шелтон од Фиглеавеас, естетски хирург, д-р Рикардо Фрати и Ана Акерлунд од францускиот бренд за долна облека Луиза Брак, се сложуваат дека неносењето на градник би можело да влијае врз обликот на градите и да го поттикне нивното спуштање.

Исто така, Акерлунд предупредува дека тоа би можело негативно да влијае врз држењето на жените, особено на оние со поголеми гради.

Потребите поврзани со гардеробата се променија откако поголемиот дел од времето го поминуваме дома. Но, сепак, сè уште би требало да носиме градници, бидејќи нашите гради мора да имаат потпора, за да не дојде до негативно влијание врз држењето, но и болки во грбот” – вели Викторија Шелтон за Daily Mail.

“Градникот кој според величината и обликот одговара на вашите гради, воопшто не би требало да го чувствувате.

Важно е сè да држи на вистинското место и да им дава потпора на градите и рамењата. Тоа е особено важно за жените кои имаат големи гради” – додала Акерлунд, а д-р Фрати предупредува дека неносењето на градници може да влијае врз Куперовиот лигамент.

Но, според објавите на социјалните мрежи, се чини дека голем број жени едвај дочекале да можат да се ослободат од градниците.

“14 ден без градник и супер ми е!”, “Баш ми е добро што веќе со недели не морам да носам градник”, пишуваат некои од нив на Твитер и Инстаграм.